Двете починати лица во Франција имале и други болести

533

Во Франција од почетокот на кризата со коронавирусот, потврдени се 17 случаи, 11 се излекувани, 4 се сеуште  на болничко лекување и две лица починаа. Двете починати лица боледувале и од „други болести”, јави дописникот  на МИА.

Ова го тврди докторот Ерик Кожа, шеф на сервисот за инфективни и тропски болести во болницата Питие Салпетриер во Париз,  каде еден  шеесетгодишен Французин заразен од новиот коронавирус, почина минатата ноќ.

Специјалистот им забележува на властите дека не го смириле доволно  населението.

– Зошто здравствените власти  не кажуваат дека лицата кои умираат  во Италија имаат 80 години,  од рак и други патологии. И во Франција,  зошто, не инсистираат на фактот дека двете починати лица имаа и други  болести? Има вистински проблем  во комуникацијата – вели тој.

Според него, Ковид-19 е само  уште еден  друг  котонавирус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...