Ким: Ќе го затворам теренот за нуклеарни проби пред очите на целиот свет

Севернокорејските државни медиуми за време на самитот одржан во петокот јавија дека Пјонгџанг веднаш ќе ги прекине нуклеарните и ракетните проби, ќе ја затвори локацијата за нуклеарни тестирања и наместо тоа ќе работи на економски развој и мир.

648

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун изјави за време на самитот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае – ин дека ќе го затвори теренот за нуклеарни проби во својата земја во мај, пред очите на целиот свет, соопшти денеска кабинетот на Мун.

Севернокорејските државни медиуми за време на самитот одржан во петокот јавија дека Пјонгџанг веднаш ќе ги прекине нуклеарните и ракетните проби, ќе ја затвори локацијата за нуклеарни тестирања и наместо тоа ќе работи на економски развој и мир.

„Потврдувајќи ги тие наводи, Ким му рекол на Мун дека ќе повика експерти и новинари од САД и од Јужна Кореја да обезбедат „транспарентност“ при демонтажата на постројката“, се наведува во соопштението од кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...