ЕСМ сака да ги продаде објектите на Попова Шапка

Министерот Крешник Бектеши потенцира дека која било опција да се избере за Попова Шапка една од главните критериуми е поставување инсталација за вештачки снег.

401

Двете можности, Попова Шапка целосно или со приватен партнер да се раководи од страна на ЕСМ не се прифатливи за компанијата, истакна директорот Васко Ковачевски околу прашањето што ќе се прави со скијачкиот центар откако беше направени физибилити студија за развој. Фокусот на ЕСМ треба да биде производство на енергија, потенцира директорот.

– Наша препорака како управен одбор до Владата беше капацитетите на Попова Шапка да се дадат на продажба. Во моментот имаме доставено барање до Биро за вештачење да се направи проценка на капацитетите. После таа проценка заедно со Влада ќе донесеме одлука кога и како ќе се спроведе таа процедура – рече Ковачески.

Тој истакна дека интерес на инветситорите е да се купат објектите, односно хотелите. Сѐ уште се размислува кој и како да ги менаџира ски лифтовите.

– Хотелот Попова Шапка и во студијата се кажува дека е во многу лоша состојба, се предлага да биде урнат, за Славија да се инвестира и да биде во функција. Но останува што ќе се прави со ски-лифтовите и другата инфраструктра. Ние имаме размислувања, но тоа ќе се разговара на Влада, сметам дека Попова Шапка ќе добие сериозна инвестиција и ќе биде еден од позначајните центри во регионот. За жичниците треба да се најде решение – истакна Ковачески.

Министерот Крешник Бектеши потенцира дека која било опција да се избере за Попова Шапка една од главните критериуми е поставување инсталација за вештачки снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...