Кeико Ханеда, резидентентната амбасадорка на Јапонија во земјава во интервју за агенцијата МИА вели дека сака да ги зајакне добрите врски меѓу двете земји со поголема мобилност меѓу луѓето од Македонија и Јапонија.
Амбасадорката очекува подобрување и на туристичките врски.
– Пред една година првпат дојдов овде, претходно само знаев дека станува збор за дел од бившата југословенска држава. Имав покана и ја посетив винаријата Лепово, дознав дека Тиквешијата е регион на грзојето и виното. Соработката може да се интензивира во секој поглед. Нема многу туристи од Јапонија кои доаѓаат во Македонија, па една од работите во иднина би била да се зголеми тој број. Се надевам дека ќе се успее во тоа. Да се види меѓу другото македонската култура, регионот на грозјето и виното, ете прочитав и за откриените фосилни остатоци од изумрен вид на слон, кој живеел овде пред околу осум милиони години – вели Ханеда.
Според неа, во Јапонија се отвора и пазарот на вино што можат да го искористат макеоднските винарници.
– Јапонците досега главно пиеја саке или ракија од ориз, но во последно време виното станува доста популарно исто така. Се пие и црвено и бело вино. Вашето вино кое е многу добро, не може многу да се најде во Јапонија. Но, да, имам видено едно или две таму. Ако мене ме прашате, добри ви се и црвеното и белото, тиквешкото е многу убаво вино од Македонија – вели Амбасадорката.