Против коронавирусот не може да се борите со политика

58
ФОТО: EPA-EFE /FILIP SINGER

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер напиша дека против коронавирусот не може да се борите со политика, ниту со сештологија, уште помалку со страв и со паника и додаде дека се преземени сите мерки во соработка со Светската Здравствена Организација (СЗО).

„Ние од првиот момент на неговото појавување се подготвуваме во тесна соработка со Светската Здравствена Организација. Правевме и правиме сè според планот. За жал, оваа земја, при секоја природна непогода или катастрофа или здравствена итна состојба што се појавува, мора да се соочи и со својата голема несреќа на канали и портали, каде во овие случаи цветаат незнаењето, злобата, мрзеливоста и лакомоста на маскарадата, која во вакви случаи станува нечовечност“, напиша Рама.

Тој додаде дека и на врвот на паразитите кои се впуштаат над јавноста во потреба од информација, повторно, како и секогаш „излегуваат злобните политичарите кои сакаат хаос, очај и се во очајнички обиди да го вратат минатото кое ги однесе засекогаш со себе“.

Рама вчера ја демантираше аудио пораката на социјалните мрежи за појава на коронавирус во Албанија,што предзвика паника во земјата,уверувајќи ги албанските граѓани дека нема случај на коронавирус во земјата.

– Истите болни умови, кои ве вознемирија со лажните вести во текот на долгите денови и ноќи по земјотресот се во акција. Не потклекнувајте на ваквите лажни вести. Коронавирусот не ја има погодено Албанија! Но, како и за целиот свет, постои потенцијална закана,за што се преземени сите мерки во случај ако треба да се соочиме – посочи Рама.

ФОТО: EPA-EFE /FILIP SINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...