Соња Стојменска –  Елзесер претседателка на Друштвото на писатели на Македонија.

223

Соња Стојменска –  Елзесер, книжевен научник и есеист е новата  претседателка на Друштвото на писатели на Македонија.

Во седум децениското постоење на најстарата писателска асоцијација кај нас, која речиси во континуитет ја предводеа мажи, само во периодот меѓу 1996 и 1997 со неа раководеше жена, поетесата Светлана Христова – Јоциќ.

Фактот дека за избор на нов претседател на ДПМ имаше само две кандидатки Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска беше интересен за многумина и доказ дека полека, но сигурно се рушат родовите стереотипи за раководни функции во ДПМ .

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...