Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 1.447 лица исплати 11,3 милиони денари. Парите ги добија фармери кои имаат мали земјоделски стопанства со големина од 0,2 до еден хектар.
Финансиската поддршка за производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари изнесува 6.000 денари, додека за производни капацитети од 0,5 до еден хектар, поддршката е 12.000 денари.
Изминатиот период, Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, градинарите, лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.