МЕПСО испрати информација во врска со испадот во трафостаницата Битола 2:
„Во ,1,34 часот денеска во Националниот диспечерски центар регистрирана е безнапонска состојба во 400/110 киловолтната трансформаторска станица „Битола 2“. Станува збор за дефект на елемент од преносната мрежа (мерен струен трансформатор) во таа постројка. Согласно со протоколите за работа веднаш реаагирала релејната заштита и ја исклучила трансформаторската станица од преносната мрежа. Заради тоа е исклучен од мрежа и блокот во РЕК Битола. Дежурните екипи на МЕПСО веднаш реагирале и го санирале за еден час дефектот, по што постројката е вклучена под напон во 2,45 часот.
Блокот во РЕК Битола, согласно со процедурата за пуштање во погон на термоелектричната централа, е синхронизиран на преносната мрежа во 11,50 часот“, информира МЕПСО.