Емили Ратајковски на двегодишнината од венчавката: Би се омажила за тебе повторно (ВИДЕО)

545

Манекенката Емили Ратајковски пред точно две години, далеку од очите на јавноста стапи во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Мекклард, за кого претходно не се ни знаеше дека ѝ е момче.

Двојката се венчала во присуство на мал број луѓе, а невестата наместо венчаница, носела жолта тоалета од „Зара“, што тогаш беше огромен хит, и голем црн шешир со мрежа. Манекенката тогаш на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а сега, на годишнината, ги почести своите обожаватели и со видеоснимка од моментот кога кажала „да“ и првиот брачен бакнеж.

 

View this post on Instagram

 

2 years ago at the courthouse 💫 10/10 would marry again (& again & again & again)

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on


„Би се омажила за тебе повторно, и повторно, и повторно…“, напиша Емили под романтичното видео. За половина ден снимката ја погледнале над два милиона следачи, а коментарите се главно позитивни.

Покрај видеото, Емили објави и нови слики од венчавката, коментирајќи дека со секој изминат ден сè повеќе и повеќе го сака сопругот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...