Во предворје на предвремените параламентарни избори „Порталб“ објавува податоци за имотната состојба на пратениците чиј мандат заврши со распуштање на деветтиот по ред параламентарен состав. Овие податоци се важни бидејќи за 30 дена по престанокот на мандатот, сега веќе екс-пратениците се обврзани да достават нови Анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупција, по што ќе може да се направи споредба на имотната состојба и да се види колу пратениците се „збогатиле“ или можеби „осиромашиле“ за време на нивиот пратенички мандат. Кои се податоци за пратеници од македонскиот политички блок?
Пратеници од „имотни“ семејства, пратеници со „празни“ транскациски сметки..
Во последната пријавена имотна состојба, сега веќе екс пратеничката Јагода Шахпаска од редовите на СДСМ, навела повеќе невижности, но за дел од нив не е посочена проценетата вредност. На име на сопругот пријавени се гаража со вредност од 170 000 денари, две парцели земјоделско земјиште за кои не е наведена сумата, стан и куќа со вкупна проценета вредност од 92 000 евра. Како личен имот, но без да се посочи сумата, Шахпаска пријавила дека поседува два стана во Битола, автомобил, помошни простории, помошни објекти, земјиште под објект, двор и гаража. На име на сопругот пријавен е кредит во износ од 1,6 милиони денари. Личниот имот, според податокот од Анектниот лист, Шахпаска го стекнала со наследство.
Земјиште, куќа, акции, депозити – сегашниот анектен лист на досегашниот пратеник од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Илија Димовски покажува дека тој доаѓа од „поимотно семејство“. Како личен имот, Димовски пријавил дека поседува две парцели на земјиште во вредност од околу 13 400 евра, два автомобили со проценета вредност од 33 300 евра, акции во вредност од 75 000 денари, штеден влог за кој нема податоци и кредит за кој исто така нема податок и куќа за одмор со вредност од 58 500 евра. Родителите на Димовски, односно семејството поседува уште два парцели на земјиште, две куќи и стан со вкупна проценета вредност од околу 37 000 евра, а на име на родителите пријавени се и акции, штеден влог, автомобил и земјоделска дејност. Штеден влог е пријавен и на име на сестрата на Димовски.
Куќа од 140 м2 во Кавадарци со пријавена вредност од 156 000 евра – само ова е наведено како личен имот во анкетниот лист на поранешниот пратеник Панчо Минов. Се останато е на име на сопругата или децата, па така семејството Минови поседуваат: стан од 96 м2 во Скопје со вредност од 7,7 милиони денари, два автомобили, акции, кредити, фирма и заем, а на име на родителите пријавено е лозје на површина од 7 300 м2.
Поранешниот пратеник на ВМРО–ДПМНЕ, Антонио Милошоски во анкетиниот лист пријавил дека на име на децата има стан во Германија со вредност од 3 милиони денари, заеднички имот – стан со гаража и подрум, месечен додадток за трето дете во износ од 8 500 денари, а како личен имот во анкетниот лист, Милошоски пријавил дека поседува камата од депозити, месечна кирија, надоместок како шеф на набљудувачка мисија во износ од 1,2 милиони денари, остварил и приход од скоро 3 милиони денари како резултат на продажба на стан, пријавил дека поседува и заштеда на транскациска сметка и приход од кирија од станот во Германија. Семејството има и кредит во износ од 80 000 евра.
Доскорешниот координатор на пратеничката група на СДСМ , Јован Митрески на свое лично име пријавил само кредит од 600 000 денари и удели во износ од 318 000 денари. На име на родителите и на споругата во сегашниот Анкетен лист пријавени се земјиште и градежно земјиште во Струга, куќа од 243 м2 во вредност од 4,5 милиони денари во Струга, куќа за одмор од 130м2 со проценета вредност од 600 000 денари, лозје, два автомобили, денарски депозит од 420 000 денари и кредит.
Во анкетниот лист на екс-пратеникот Емил Димитриев останува впечатлива колекцијата на оружје што тој ја поседува. Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ поседува оружје со различен калибар во вредност од скоро 8 000 евра, уметнички и колекционерски предмети со вредност од 200 000 денари, стан од 107 м2 во Скопје со проценета вредност од 130 600 евра. Родителите на Димитриев поседуваат земјоделско земјиште со вредност од 3 милиони денари, куќа во износ од 6 милиони денари, а пријавени се и двете пензии. Сопругата на Димитриев поседува накит во вредност од 150 000 денари, 400 000 денари штеден влог и плата.
На штедна книшка 1.300 евра, кредит од 600 000 денари и кредитна картичка со 32 000 денари – ова како личен имот го пријавила сега веќе поранешната пратеничка Мира Сојчевска од СДСМ. На име на сопругот и на децата, Стојчевска пријавила: куќа од 162м2 во Делчево, куќа со двор и со земјоделско земјиште, стан од 33 м2 во Скопје, два автомобили, плата и кредитна картичка.
Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска во сегашниот анкетен лист на име на сопругот пријавила стан во Свети Николе со вредност од 400 000 денари и два автомобили во износ од 156 000 денари. Ласовска на свое име поседува куќа од 131м2, помошни простории, две парцели земјоделско земјиште, дополнително и земјиште и земјиште под објект, двор, автомобил и кредитна картичка.
Екс пратеничката од редовите на Социјалистичкта партија, Владанка Авировиќ на свое лично име пријавила само накит со проценета вредност од 180 000 евра и заеднички имот – уметнички и колекционерски предмети со вредност од 130 000 денари. На име на децата и на сопругот пријавени се куќа во изградба од 156 м2 во Скопје, куќа со двор од 140 м2 во вредност од 7 милиони денари во Скопје, четири автомобили и два кредити.