Прв дел од руски Панцир С1 испорачан во Србија

297

На Армијата на Србија дeнеска и беше испорачан првиот дел од рускиот ПВО систем Панцир С1. Тоа го потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Панцир С1 беше донесен со руски транспортен авион.

Со таа набавка на одбранбено оружје „единствено такво во регионот“, Србија продолжува со јакнење на одбранбената моќ и зголемување на потенцијалот на спротиставување – се вели во соопштение од Министерството за одбрана.

Договорот меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија од Панцир С1 составен од шест одделни системи, беше склучен лани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...