Има надеж за подобрување на односите со Хрватска и ќе гледаме барем нешто да сториме, иако не мислам дека сме виновни за што било, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Танјуг.
Според него, државата мора да го штити своето достоинство, но, како што рече одговарајќи на новинарско прашање, „се стана малку бесмислено“.
– Можеби е подобро само да молчите и да ги пуштите да работат што сакаат. Барем да не можат да ни кажуваат „сите сте исти, нема разлика меѓу вас“. Нека се караат со Словенците и Грногорците околу границите, со Унгарците околу Ина…Ние некако да се тргнеме на страна, истакна Вучиќ.