Во зимските месеци сите се чувствуваме помрзеливи и со помалку енергија. Дополнително, по празниците сме презаситени од тешката храна, па бараме лесна алтернатива, нешто што брзо се приготвува, што не е тешко за организмот, а згора на тоа ако е и здраво, тогаш тоа е вистинскиот избор.
Нашиот најпознат бренд во производство на леб „Жито лукс“ го збогати своето портфолио со три нови здрави и вкусни интегрални лебови – со супер семки, супер зрна и супер житарки. Овие нови видови леб се збогатени со семки од чија и тиква, со изртена спелта и овес или со хељда и амарант како и со маслиново масло кои им даваат уникатно богат вкус.
Еве неколку идеи за брз, здрав и вкусен појадок со новите супер лебови на „Жито лукс“.
Лепчиња со хумус и домат
Потребни состојки:
– 3 парчиња интегрален леб со супер семки – чија и тиква
– 1 зрел домат
– сол и црн пипер
Парчињата леб потпечете ги малку на тостер или на плотна, потоа богато премачкајте ги со хумусот. Додадете неколку парчиња тенко исечен домат и зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Топли сендвичи со козји кашкавал
Потребни состојки:
– 4 парчиња интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант
– неколку парчиња козји кашкавал
– путер
Премачкајте ги лепчињата со путер и додадете неколку парчиња тенко исечен козји кашкавал. Сендвичите убаво потпечете ги додека не се стопи кашкавалот.
Лепче со путер и мармалад – омилениот појадок од детството
Потребни состојки:
– 3 парчиња интегрален леб со супер житарки – овес и спелта
– несолен путер
– мармалад по желба
Парчињата леб потпечете ги малку на тостер или на плотна, потоа додека се уште топли премачкајте ги со путер, за малку да се стопи и потоа богато премачкајте ги со вашиот омилен мармалад. За дополнително уживање дополнете со голема шолја топол чај.