САД ќе ги повлечат трупите од Косово, ако не се повлечат таксите за српски производи

Според весникот, американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет му порачал на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата земја размислува за таква опција, која, како што вели „Газета“, е најсериозната закана на САД за Косово досега.

559

Приштинска Газета Експрес пишува дека САД размислуваат да ги повлечат своите трупи од Косово, доколку Приштина не ги укине царините за стоките од Србија.

Според весникот, американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет му порачал на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата земја размислува за таква опција, која, како што вели „Газета“, е најсериозната закана на САД за Косово досега.

„Американската Амбасада во Приштина му рече на Курти дека присуството на американските сили на Косово веќе се разгледува“, изјави извор за „Газета експрес“.

Весникот потсетува дека пред неколку месеци се спекулирало дека Американците размислуваат да го отстранат кампот „Бондстил“ од Косово, доколку политичкото раководство продолжи да не ги почитува барањата на меѓународниот фактор за укинување на царините, но тие информации никогаш не биле потврдени.

Исто така, весникот потсетува дека Албин Курти и претседателот на косовскиот Парламент, Вјоса Османи, како кандидати за премеир на изборите на 6 октомври, ветија дека ќе ги укинат царините и ќе ги заменат со широки мерки на реципроцитет со Србија, но констатира дека се уште не тргнале во таа насока.

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, амбасадорот Ричард Гренел, е категоричен дека царинитре треба да се укинат веднаш за да се продолжи со дијалогот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...