Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека им е благодарен на САД за доставувањето информации до Русија кои го спречија терористичкиот напад на земјата кон крајот на 2019 година.
– Благодарение на навремените информации што ни ги даде ФБИ, уапсени се двајца членови на т.н. Исламска држава кои планирале напади во Санкт Петербург за новогодишните празници – рече Путин за време на состанокот со Комитетот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Путин рече дека Русија ќе одговори на таа учтивост и ја истакна важноста за соработката со колегите од странство.
– Постои зголемена побарувачка за ресурси од меѓународната база на податоци за борба против тероризмот – потенцираше Путин.
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKIY /SPUTNIK / KREM