„Билд“: Напаѓачот од Ханау напишал екстремнодесничарски ставови во проштално писмо

Германскиот весник „Билд“ објави дека мажот што го идентификува како Тобијас Р., оставил видео порака во која презема одговорност за нападот.

162

Осомничениот за пукањето во два наргиле барови во Германија, во кое загинаа девет лица, а кои подоцна изврши самоубиство, оставил проштално писмо во кое се изразуваат екстремни десничарски погледи.

Германскиот весник „Билд“ објави дека мажот што го идентификува како Тобијас Р., оставил видео порака во која презема одговорност за нападот.

Тој беше пронајден мртов во неговиот стан во Ханау по нападот, соопшти полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...