Седуммина повредени при слетување на авион во Русија

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.

853

Седум лица се повредени денеска кога авион „Ан-2“ удри во земја за време на слетување во Магадан, на рускиот далечен исток, изјави портпарол на руското Министерство за вонредни ситуации.

– Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени – нагласи портпаролот.

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.

Според првите информации, авионот е во сопственост на приватна компанија и удрил во земја од 10 метри висина. Со него се превезувале вработени во компанијата.

За инцидентот е поведена истрага и се претпоставува дека е предизвикана од пилотска грешка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...