„Њујорк Тајмс“: Адвокатката која имаше штетни информации за Хилари Клинтон, призна дека е информатор за Кремљ

436

Руската адвокатка Наталија Веселнитскаја, која имаше средба со претставници на кампањата на Доналд Трамп во „Трамп” кулата во јуни 2016 година, а која требаше да достави штетни информации за Хилари Клинтон, долго време инсистираше на тоа дека е приватен адвокат, а не оперативец на Кремљ кој се обидува да се меша во претседателските избори во САД, објави „Њујорк Тајмс“.

Но, неодамна објавените електронски пораки покажуваат дека во најмалку еден случај, две години претходно, Веселнитскаја, тесно соработувала со главната правна канцеларија во Русија за да спречи Министерството за правда да покрене случај на измама против добро етаблирана руска фирма, наведува весникот.

Веселнитскаја, исто така, се чини дека ги отфрли претходните нејзини тврдења дека не е поврзана со руската Влада.

Во интервјуто, кое ќе биде емитувано денеска на Ен-Би-Си, таа призна дека не е само приватен адвокат, туку извор на информации за високорангиран функционер во Кремљ, јавениот обвинител Јуриј Чаика, наведува „Њујорк тајмс“.

.- Јас сум адвокат, и јас сум информатор, изјави таа.

– Од 2013 година активно комуницирам со канцеларијата на рускиот јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...