Цивили, меѓу кои седум деца, загинаа при гранатирање кај Дамаск

109

Седумнаесет цивили, од кои седум деца, се убиени денеска при бомбардирањето изведено од сириските провладини сили насочено против палестинскиот бегалски камп Јармук, јужно од главниот град Дамаск, каде се утврдени џихадисти од терористичката група „Исламска држава”, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

Невладината организација информира и дека меѓу 19 и 26 април, во гранатирањата и престрелките во обид да се заземат и последните населби кои останале под контрола на џихадисти, животот го загубиле 19 цивили.

Откако целосно  ја презедоа контролата врз енклавата Источна Гута на 14 април, силите на сирискиот режим и нивните сојузници се насочени кон целосно истиснување на терористичкиата ИД и преземање на контролата врз целиот Дамаск и неговата околина, првпат од 2012 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...