Земјите-членки на Европска Унија синоќа се договорија да забранат увоз на овошје што содржи траги на хлорпирифос, пестицид кој е штетен по човековото здравје.
Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе следи забрана на хлорпирифос во цела ЕУ.
По тримесечниот преоден рок секое увезено овошје со поголема количина на пестицидот од дозволеното ќе биде забрането да се продава во ЕУ.
Европскиот регулатор за безбедност на храната во август минатата година утврди загриженост поради „евентуалниот генотички ефект, како и неуролошкиот ефект во текот на развојот на децата“.
Хлорпирифосот се употребува за да се спречат инсектите да го оштетат производот.