Паралелна влада во Кабул: И поразениот претседателски кандидат во Авганистан прогласи победа

120
ФОТО: EPA / JAWAD JALALI

Поразениот кандидат на претседателските избори во Авганистан, Абдулах Абдулах, денеска ги оспори конечните резултати од изборите одржани во септември.

Абдулах најави дека ќе формира паралелна влада.

Авганистанската изборна комисија денеска го прогласи Ашраф Гани за победник на претседателските избори, одржани пред пет месеци.

Независната изборна комисија соопшти дека Абдулах го зазеде второто место.

Противниците на Гани наведуваат дека гласањето одржано на 28 септември било проследено со масовни измами, технички проблеми со користењето биометриски уреди за гласање, напади и неправилности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...