Вработени во Организацијата што управува со желеничата инфраструктура, утрово, ненадејно и ненајавено, блокираа железнича станица, на клучна точка во близина на Атина, со што е во прекин сообраќајот меѓу грчката престолнина и Солун, соопштија од грчката железница (ТРАИНОСЕ).
Иако вчера најавија дека денеска, и покрај 24-часовниот штрајк на синдикатите и јавниот превоз во Атина, возовите нормално ќе сообраќаат, од железницата велат дека утрово кусо по 8 часот од Организацијата што управува со железничката инфраструктура, добиле известување дека ќе учествуваат во штрајкот и ќе ја блокираат станицата „што резултира ниту еден воз да не може да се движи од и кон Атина и во суштина, железнички, земјата е поделена на два дела”.
Од грчката железница изразуваат жалење за ситуацијата и проблемите, истакнуваат дека ќе има надомест за оштетените граѓани, иако како што велат, тие како компанија, не сносат одговорност, а паралелно со став излезе и надлежниот министер за инфраструктура и транспорт Костас А. Караманлис кој рече дека одговорните ќе бидат повикани да дадат објаснувања, а доколку е потребно ќе се преземат и мерки, јави дописничката на МИА од Атина.
-Овие господа отидоа и нелегално ја заклучија станицата. Вакви работи нема ни во африканските земји, рече Караманлис во интервју за грчката телевизија „Скај“.