Американски медиуми: Распуштено Собрание и дата за предвремени избори – голем тест за про-ЕУ политиките на Заев

185

Македонското Собрание се распушти отварајќи пат за предвремени избори на 12 април, осум месеци пред истекувањето на тековниот мандат, како голем тест за про-ЕУ политиките на поранешниот премиер Зоран Заев, пишува денеска канадски „Нејшионал пост“.

Наспроти стравувањата од руско и кинеско влијание на Балканот, францускиот претседател Емануел Макрон лани во октомври не даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија, наведува изданието.

Се наведува дека Скопје очекуваше да започне преговори со ЕУ веднаш по решението на проблемот околу името со својот јужен сосед Грција, откако го промени името од Македонија во Северна Македонија.

Макрон водеше група на ЕУ лидери кои се против започнување преговори и со Албанија, наведува „Нејшионал пост“.

-И Србија и Црна Гора имаат амбиции да влезат во ЕУ, но процесот на проширување е закочен поради западните стравувања околу имиграцијата и затегнатата ситуација со Брегзит.

Двете преостаните балкански земји кои се надеваат на влез во ЕУ, Босна и Косово, се многу поназад во процесот, пишува канадското издание.

Весникот „Вашингтон пост“ пак пишува дека инцидентот со министерката за труд и социјална политика од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во преодната Влада на земјата, Рашела Мизрахи, која два пати се појави пред табла со старото име на земјата, Република Македонија, ги разбранувал духовите во Атина и Скопје.

-Грчката амбасада испрати протестна нота, а македонскиот министер за надворешни работи ја обвини Мизрахи за непочитување на Уставот на земјата, објави изданието викендов.

Се додава дека премиерот на земјата пропорача нејзино разрешување од функција, по што Собранието на седница во саботата го изгласа разрешувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...