Шест златни медали за македонските кулинарски шефови

Готвачите на ГАСТРОМАК се закитија со злато на годинешните интернационални гастрономски натпревари во Будва и во Измир

807

Македонската Асоцијација на готвачи и шефови на кујни – ГастроМак Македонија, се закити со  шест златни медали на годинешните интернационални  гастрономски натпревари во Будва, Црна Гора и Best Cook Fest во Измир, Турција.

Тимот на готвачи на ГастроМак Македонија, составен од Весна Тодоровска Алачковска, Цветанче Тодоровски, Костадин Стефанов, Снежана Ангеловска и Иван Велков се натпреваруваа во различни категории и рангови. ГастроМак тимот со нивните кулинарски вештини и креативност ги задоволија највисоките критериуми на натпреварите и ги освоија симпатиите на интернационалното жири.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...