Лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини негираше дека неговата партија Лига, е екстремно десничарска партија, претставувајќи ја како умерена партија што сака поддршка од гласачите кои ја избегнуваа порано.
– Ние не сме радикална десница. Немаме амбиција да бидеме претставени во Италија како радикална десница – рече Салвини, кој излезе од Владата минатата година и всушност е лидер на опозицијата.
Тој пред странските новинари посочи дека „секој трет Италијанец гласа за Лигата, така што е јасно дека партијата мора да разговара со сите, не само со радикалната десница“.
Лигата е се уште најпопуларна италијанска партија со поддршка од околу 30 проценти од Италијанците.