Романија и Унгарија испраќаат војска поради коронавирусот

Досега најбројни евакуации од Кина во Европа извршија Франција, Велика Британија и Германија, а глобално САД и Јапонија.

190

Се поголем број на држави во Европа и светот ја ангажираат војската за евакуација и прифаќање луѓе од Кина поради епидемијата на коронавирусот.

Првите земји во регионот кои ја ангажираат војска за евакуација и прифаќање луѓе се Романија и Унгарија.

Во специјална мисија на романското воено воздухопловство оваа недела со транспортен авион Ц-27Ј Спартан опремен за медицинска евакуација и оддел за изолација од Германија во Букурешт се префрлени две лица кои престојувале во Кина и се сместени во карантин во период од 14 дена.

Во Букурешт одреден е посебен објект за прифаќање и сместување до сто лица во карантин, неговата локација е се уште неидентификувана, објави Балканската истражувачка мрежа.

Унгарија исто така го ангажираше военото воздухопловство за превоз на своите граѓани кои биле во посета на загрозените подрачја во Кина и формираше специјална работна група за борба против коронавирусот.

Од Франција во Будимпешта се префрлени седум државјани на Унгарија со помош на авионот Ербас А319.

Досега најбројни евакуации од Кина во Европа извршија Франција, Велика Британија и Германија, а глобално САД и Јапонија.

Улогата на вооружените сили варира од држава до држава, од воздухопловна евакуација, прифаќање на земјата, организација на карантинското сместување, па се до медицинска контрола.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...