Претседателот на Романија, Клаус Јоханис побара од премиерката Виорика Данчила да поднесе оставка, оценувајќи дека не е способна да ја води романската Влада.
Според локалните медиуми, Јоханис истакнал дека Данчила „не е дорасната за функцијата романски премиер“, три месеци откако стана прва жена на чело на Владата на Романија.
Тој смета дека Данчила „повеќе сака да спроведува партиски наредби“ и да ја претставува слабата точка на Романија, наведувајќи дека не информирала за едностраниот предлог на Владата да ја пресели романската амбасада во Ерусалим.
Во Романија, претседателот е надлежен за надворешната политика на земјата и, според неговите надлежности, тој носи конечна одлука за Амбасадата. Тој нема овластувања да ја смени Данчила, но, се смета дека неговото барање создава притисок врз Владата, пишуваат медиумит