Антикорупциска: Незаконски се формирани синдикати на универзитетите Св. Кирил и Метидиј и Св. Климент Охридски

Пријава за тој случај до ДКСК достави Независниот академски синдикат и во неа се укажува на постоење судир на интереси согласно со Законот за спречување корупција и судир на интереси, како и прекршување на одредби од Законот за работни односи, според кои работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор на основање и дејствување на синдикатите.

193

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) укажува дека со иницијативата за формирање синдикати на универзитетите Св.Кирил и Метидиј (УКИМ) и Св. Климент Охридски (УКЛО) ректорите ги прекршиле начелата за законитост и интегритет, информира денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Пријава за тој случај до ДКСК достави Независниот академски синдикат и во неа се укажува на постоење судир на интереси согласно со Законот за спречување корупција и судир на интереси, како и прекршување на одредби од Законот за работни односи, според кои работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор на основање и дејствување на синдикатите.

Во меѓувреме, соопшти Ивановска, постапувал надлежниот орган – Државниот инспекторат за труд кој утврдил прекршување на одредбата 195 од Законот за работни односи, по што ќе спроведе постапка согласно своите законски одредби по утврдениот прекршок.

– ДКСК имајќи ги предвид наодите укажува дека со ваквото постапување на ректорите директно се прекршени начелата за законитост и интегритет, кои тие први треба да ги применуваат – рече Ивановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...