Бранко Црвенковски еден од учесниците на Копаоник бизнис-форумот

Копаоник бизнис-форумот го организира Сојузот на економисти на Србија во соработка со Мастеркард. 

556

„Одливот на мозови“ и четвртата индустриска револуција ќе биде една од главните теми на бизнис-форумот Копаоник што од 1 до 4 март годинава ќе се одржи во Конгресниот центар на хотел „Гранд“ на Копаоник.

Предвидени се повеќе панели посветени на четвртата индустриска револуција, дигитализацијата, образованието, паметната специјализација, политиките на вработување .

Форумот важи како расадник на бизнис идеи што ќе биде потврдено и со специјалниот настан посветен на креативната економија на кој учествуваат актерот, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ и Ѓорѓе Трбовиќ, директор на IDJ World.

Копаоник бизнис-форумот е познат и по присуството на државници, претставници на меѓународни финансиски институции, членови на дипломатскиот кор, бизнисмени, локални и странски инвеститори.

Учество веќе го потврдија и Галина Андронова-Винчелете – менаџер на Светската банка за Европа и Централна Азија, Надем Илахи – регионален директор на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа, Дубравка Негре – директорка на регионалната канцеларија на Европската инвестициска банка за Западен Балкан, како и сите претседатели на Стопански комори од земјите во регионот.

Посебни гости на форумот ќе бидат поранешните претседатели на држави и влади од регионот меѓу кои и поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски.

И годинава на Копаоник бизнис-форум ќе учествуваат бизнисменот Светозар Јаневски од винарницата „Тиквеш“ и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески кој ќе учествува на панелот за Западен Балкан како економски регион.

Специјален гостин на КБФ ќе биде Марко Таиш, професор на Политехничкиот факултет во Милано, директор на „Competence centra“ во Италија и Светскиот форум на производители (World Manufacturing Forum).

Првпат на Форумот ќе биде реализирано специјално hard talk интервју со Емил Тадески, голем регионален инвеститор, основач и сопственик на „Атлантик груп“ и со Александар Кавчиќ, професор на Универзитетот „Карнеги мелон“и познат по тоа што ја добил втората најголема отштета во САД за украден пронајдок.

Копаоник бизнис-форумот го организира Сојузот на економисти на Србија во соработка со Мастеркард.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...