Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На врвот на листата е ТЕ-ТО со долг од 1,3 милијарди денати и „Ел Дон Кастило Ангел“ Експорт-Импорт Скопје од 470,9 милиони денари.
И на оваа листа се јавни претпријатија меѓу кои и јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти кое должи 51 милиони денари и Македонската радио телевизија која должи 15,1 милиони денари. Тука се и познати клубови и познати личности но и фирми во стечај и загубари. Фудбалскиот клуб Вардар кој повеќе месеци е на листата должи 22,6 милиони денари.
На листата на должници се 2.071 должници – правни лица, повеќе за 76 од претходната листа и 2.529 физички лица, повеќе за 14 од претходната листа.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.195.548.760 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.010.296.594 денари, додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари.