Затвор и парични казни за измамници кои се претставувале како министерoт Жан-Ив ле Дријан

184
ФОТО: EPA / CHRISTOPHE PETIT TESSON

Обвинители побарале пресуда од 10 и 14 години затвор и парични казни од по два милиони евра за двајца наводни измамници, кои се обвинети дека се претставувале преку телефон и на Скајп како Жан-Ив ле Дријан, актуелниот француски министер за надворешни работи, објавија денеска француските медиуми.

На тој начин тие измамиле 150 богати политичари, бизнисмени и религиозни личности со повеќе од 50 милиони евра. Планот бил спроведен во 2015 и 2016 година, кога Ле Дријан бил министер за одбрана.

Осомничените 54-годишниот Жилбер Шикли и 35-годишниот Антони Ласаревич, и двајцата со израелско-француско потекло, се товарат за раководење криминална група, организирање измама, како и за кражба на идентитет. Други пет лица се обвинети за соучесништво.

Шикли и Ласаревич се претставувале како Ле Дријан и барале итна финансиска помош за тајни операции на француската држава. Понекогаш едниот од нив се појавувал и во видео разговори на Скајп, носејќи силиконска маска со ликот на францускиот министер.

Осомничените тврдат дека не се виновни по обвиненијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...