„ЕуроНикел“: ФЕНИ Индустри втор месец го зголемува извозот

ГСОЛ и „ЕуроНикел“ ги преземаат сите неопходни активности за да го изразат своето искрено изненадување од медиумските напади и бараат целосна правна заштита.

205

ФЕНИ Индустри го бележи вториот последователен успешен месец на производство проследено со извоз на фероникел и засилено продолжува напред по рестартирањето на фабриката. „ЕуроНикел“ ја спроведува тековната соработка со ФЕНИ и ги финансира платите и сите останати месечни производствени активности на фабриката, што доведува до враќање на производот на ФЕНИ на меѓународните пазари на метали.

Директорите Герасим Кујунџиев и Андреас Цагарис го предводат тимот на „ЕуроНикел“ во Македонија, внесувајќи значајна комерцијална и техничка експертиза кон оперативните активности.

– Преку договорот со глобално позициониран учесник во индустријата, ФЕНИ Индустри одново ја гради својата позиција како клучен двигател на македонската економија, значително придонесувајќи за нејзиниот раст и развој. Спасувањето на ФЕНИ по неколку месечното лошо раководење и нестабилност, веќе резултира со поттикнување на локалната економија. Постојните вработени се задржани на нивните работни места и секојдневно се создаваат нови работни места, директно и индиректно – рече Герасим Кујунџиев, директор на „ЕуроНикел“ ДООЕЛ Скопје.

Понатаму, во текот на последните месеци, ГСОЛ и „ЕуроНикел“ откупија и продолжуваат да откупуваат побарувања на стотици доверители на ФЕНИ Индустри – во стечај, со што се обезбедуваат средствата што им се неопходни на стотици добавувачи на ФЕНИ, вклучувајќи ги и исплатите на долгови кон вработените и транспортерите, направени од страна на претходните сопственици. ГСОЛ и „ЕуроНикел“ сега се најголеми кредитори на компанијата, како и единствен инвеститор во секојдневните активности и во понатамошното успешно работење на комбинатот.

– „ЕуроНикел“ ја има целосната поддршка на матичната компанија ГСОЛ и е посветена на заживување на ФЕНИ и инвестирање во идниот раст. Имаме финансиски и технички ресурси за да дадеме резултати кои долгорочно ќе бидат од корист за македонската индустрија – изјави Маркос Камис, директор на GSOL.

ГСОЛ, матичната компанија на „ЕуроНикел“, е глобално признаена инвестициска компанија со производни капацитети и експертиза во секторот на фероникелот. Групацијата веќе вработува над 1500 луѓе во своите капацитети за рударски и металуршки дејности на глобално ниво со експерти од ГСОЛ кои редовно се вклучени во тимот на „ЕуроНикел“ за поддршка на активностите на ФЕНИ во Македонија. ГСОЛ е основана во 2009 година и својата најголема инвестиција во доменот на природните ресурси ја прави со купувањето на фабриката Фалкондо во 2015 година, капацитет за производство на фероникел во Доминиканската Република од швајцарската рударска компанија Glencore. ГСОЛ постигна извонреден пресврт во оваа фабрика, особено бидејќи како ФЕНИ и Фалкондо е исто така индустриски заштитен знак на Доминиканската Република.

Сметаме дека неодамнешните извештаи во медиумите во врска со транспарентноста на стечајниот процес може да се објаснат само како злонамерни во однос на ФЕНИ Индустри и неговата иднина. ГСОЛ и „ЕуроНикел“ ги преземаат сите неопходни активности за да го изразат своето искрено изненадување и бараат целосна правна заштита.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...