Турските власти денеска приведоа четворица осомничени екстремисти на џихадистичката група Исламска држава во рамки на операцијата во крајбрежниот град Измир.
Турските медиуми наведуваат дека меѓу осомничените се наоѓа „емирот“ на Деир ел Зор, голем град во источна Сирија и неговата околина.
Останатите тројца осомничени, медиумите ги опишуваат како оперативци од висок ранг внатре во екстремистичката група.
Турскиот весник „Хуриет“ пишува дека осомничените се прикривале меѓу сириските бегалци во обид да преминат во Европа.
Според весникот, четворицата екстремисти се уапсени во рамки на операција на турската разузнавачка агенција и полициската антитерористичка единица.
Тие се однесени на сослушување во полицискиот оддел за тероризам во Измир.
Полицијата во Измир ја потврди операцијата, но не соопшти детали.