„Алибаба“ нуди кредит од речиси три милијарди долари за фирми погодени од коронавирусот

845

Холдинг групата Алибаба соопшти дека финансиската единица Вест банк ќе понуди кредит од 2,86 милијарди долари за компаниите во Кина кои се погодени од коронавирусот.

Приоритет ќе имаат фирмите од кинеската покраина Хубеи, односно градот Вухан, од каде започна да се шири епидемијата.

Во соопштението на Алибаба се наведува дека кредитите ќе имаат ниски каматни стапки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...