Уролог во Австрија сексуално злоставувал 109 момчиња за период од дваесет години. Четириесет од нив се помлади од 14 години, тврди канцеларијата на обвинителот во австрискиот град Велс.
Обвинетиот лекар (57) може да добие казна затвор од 15 години.
Обвиненијата вклучуваат сериозна сексуална злоупотреба, поттикнување други да создаваат детска порнографија и дистрибуција на канабис на малолетни лица.
Лекарот почнал со злоставувањата во 2000 година, а траеле до јануари минатата година.
Случајот излезе во јавност откако една мајка го обвини лекарот дека го злоставувал нејзиниот син кога имал 13 години.