САД се надеваат дека со преговорите меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ќе биде постигнат напредок кон мирот и просперитетот на Корејскиот полуостров, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
– Вашингтон очекува да продолжат разговорите со Јужна Кореја за подготовка на планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во следниот период, додаде Сандерс.