Пет полицајци уапсени во Словенија, земале мито за лажни печати во пасош

91

Полицијата во Марибор уапси пет полицајци под сомнеж дека се дел од криминална група, која за да им овозможи престој во Словенија на странци, лажно им ставала печати во пасошите. На тој начин на странските државјани им бил овозможен престој во државата подол од максимално дозволените 90 дена, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Полицијата соопшти дека извршила претрес во повеќе објекти при што се најдени и запленети повеќе пасоши и околу 90 000 евра, за кој се симневаат дека се добиени од криминалните активности.

Пасошите на полицајците им ги доставувале посебни курири по што овие ги ставале лажните печати, а лицата кои плаќале за услугите можеле подолго да останат во Шенген зоната.

Според надлежните ваквите прекршоци треба да станат минато за две години, кога ќе се воведе сосема автоматизирана контрола за влез и излез од Словенија и Шенген зоната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...