Бензинот „еуросупер БС-95“ и „еуродизел (Д-Е V)“ поевтинуваат за половина денар, „еуросупер БС-98“ за денар, а eкстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 65,50 денари, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 67,50 денари. Новата цена на дизелот е 57,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 46 денари за литар.
За 2,028 денари по килограм се намалува цената на маузтот М-1 НЦ и килограм од тој енергенс ќе чини 32,894 денари.