Какви се минималните плати во Европа?

Од земјите членки на ЕУ, најниската минимална плата ја примаат жителите на Бугарија, Романија и Латвија.

2210

Разликите во минималната плата во европските земји се многу големи – од 213 евра во Албанија до 2.142 евра во Луксембруг, покажуваат податоците на Евростат за јануари годинава.

Минималната плата е законски пропишана во повеќето земји-членки на ЕУ и во некои други европски земји. Во земји каде минималната плата не е законски пропишана, пресметката се прави според вообичаениот број работни часови месечно.

Најновите податоци покажуваат дека разликите во минималната плата во европските земји се многу големи.

Според податоците на Евростат, во осум европски земји минималната плата надминува 1.000 евра.

По Луксембург со „минималец“ од 2.142 евра следуваат Ирска со минимална плата од 1.656 евра, Холандија 1.636, Велика Британија 1.599, Белгија 1.594, Германија 1.584, Франција 1.539 и Шпанија 1.050 евра.

Потоа следат 10 држави каде минималната плата е помеѓу 500 и 1.000 евра.

Минималната плата во Словенија е 941 евро, во Малта 777, Грција 758, Португалија 741, Полска 611, Литванија 607, Естонија 584, Словачка 580, Чешка 575 и во Хрватска 546 евра.

Најдолу на списокот со минимална плата помала од 500 евра се вкупно седум европски земји: Унгарија со 487 евра, Романија 466, Латвија 430, Србија 343, Црна Гора 331, Бугарија 312 и Албанија со 213 евра.

Од земјите членки на ЕУ, најниската минимална плата ја примаат жителите на Бугарија, Романија и Латвија.

Луксембург со години го држи првото место на листата на европски земји според висината на минималната плата. Во оваа држава со околу 602.000 жители минималната плата секоја година редовно се зголемува. Во последните пет години се зголеми за 219 евра, како што моментално е минималната плата во Албанија, која изнесува 213 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...