Илегални мигранти смрзнаа до смрт во Турција

413

Вкупно 13 мигранти смрзнаа до смрт во источна Турција во обид илегално да ја преминат границата, јави ДПА.

Тринаесетмината мигранти успеале да ја преминат границата меѓу Иран и Турција, но потоа наишле на снежна бура, соопшти локална организација за човекови права.

Мигрантите стасале до планината во градот Чалдаран во округот Ван. Но, атмосферските услови биле толку тешки што службите за итни случаи не можеле веднаш да стасаат до мигрантите, соопшти гувернерот на провинцијата Ван Мехмет Емин Билмез.

Во моментов нема официјални информации за националноста на мигрантите, но се претпоставува дека 10 од нив се Авганистанци и тројца се од градот Кобане на сириско-турската граница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...