Иранскиот сателит Зафар не стаса во орбитата

317

Иран денеска лансираше сателит од домашно производство, но не успеа да стаса во орбита, изјави претставник на Министерството за одбрана.

– Успешно беше лансиран и ги постигнавме повеќето наши цели, но сателитот Зафар не успеа да стигне во орбитата како што беше планирано – изјави тој за иранската државна телевизија.

САД стравуваат дека балистичката технологија од долг дострел која се користи за лансирање сателити во орбитата може да се користи и за лансирање на нуклеарни боеви глави. Техеран негира дека активностите поврзани со сателитите се параван за развој на балистички ракети, тврдејќи дека никогаш не развивал нуклеарно оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...