Швајцарците на референдум, силно го поддржаа новиот закон против хомофобијата и покрај противењето на популистичката десничарска Швајцарска народна партија (СВП), покажуваат излезните анкети.
Според проекциите од институтот ГФС од Берн, Швајцарците 62 проценти го одобриле законот со кој се забранува дискриминација врз основа на сексуална ориентација.
Со новиот закон се прошируваат на сексуална ориентација веќе постојните регулативи во однос на дискриминација и поттикнување расна или верска омраза.
– Ова е историски ден. Со ова се дава знак, кој е извонреден за секој што бил жртва на дискриминација – изјави за швајцарската телевизија РТС1, Матијас Рејнард, швајцарски пратеник, кој беше иницијатор на реформата.
Измените на законот беа донесени во швајцарскиот парламент во 2018 година, но критичарите кои веруваат дека со него ќе се цензурира слободата на говор, побараа референдум.
Референдумот се одржа на покана на конзервативните и популистичките партии кои се надеваа дека ќе ја спречат оваа реформа