Како изгледа постерот за најновата „Златна бубамара на популарноста“?!

816

Радио Бубамара го обзнани новиот постер за 23 издание на нашата најпопуларна и најочекувана манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработил познатиот Ивица Спасовски, кој исто и во 2013 година го изработи и популарниот постер за 16 издание.

„Во духот на слоганот за оваа година ‘Нема Правда, има Бубамара‘ постерот на 23 издание отсликува еден дел од настаните од изминатата година, а за најубавите моменти  ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое ќе се памети  во наредните децении. Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година се паѓа во четврток на 27 февруари“, велат од Радио Бубамара.

Фото: Радио Бубамара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...