Бурата Кијара денеска ќе ги погоди Велика Британија, како и делови од северозападна Европа, донесувајќи удари на ветрот поголеми и од 120 километри на час и поројни врнежи.
Во Велика Британија е издадено предупредување до граѓаните да не излегуваат и да останат во своите домови, пренесува „Експрес“ .
Бурата Кијара е најсилната во последните неколку години што ја погодува оваа земја и ќе предизвика хаос во сообраќајот, па населението се советува да не тргнува на пат без некаква итна потреба.
Се очекуваат откажувања на многу летови, како и проблеми во железничкиот и поморскиот сообраќај.
Кијара ќе ги погоди и Ирска, како и Белгија и северот од Франција, а потоа ќе тргне во правец на Скандинавија.
ФОТО: EPA / CABALAR