Двајца мажи хоспотализирани во Загреб поради сомнение за коронавирус

200

Во загрепската инфективна болница примени се двајца мажи поради сомнение дека се инфицирани од новиот коронавирус, соопшти денеска хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

Тој рече дека тие засега немаат сериозни здравствени проблеми, а дали се заразени со коронавирус ќе се знае по прегледите и тестирањата.

Берош појасни дека едниот човек бил во Кина изминатиот месец, каде имал вирусно воспаление, по што оздравел. Но по враќањето во Хрватска почнал повторно да кашла. Другиот е Кинез кој дошол од Белгија, чија мајка била во Кина. Таа е здрава, а тој има некаква вироза.

– Нивните сиптоми не мора ништо да значат, но теоретски се е можно. Не треба да се крева паника – порача хрватскиот министер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...