Димковски: Откупот на тутун е при крај

191

Откупот на тутун е при крај и се очекува до крајот на наредната недела и да заврши, истакна денеска од Свети Николе министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

– Со сигурност можам да кажам дека нема да остане ниту еден килограм неоткупен тутун, ние веќе разговаравме и иако велиме дека откупот е при крај секако дека официјално завршува до крајот на февруари, до тогаш откупните центри имаат обврска да имаат отворени пунктови со цел да биде во буквална смисла откупен секој произведен тутун – вели Димковски.

Тој истакна дека постојано имаат средби со државниот земјоделски инспекторат и со откупните центри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...