Откако ја најави „големата вест“, актерот Метју Пери од култната ултрапопуларна серија „Пријатели“, вчера отвори и профил на Инстаграм. Пери веднаш доби речиси два милиони следбеници, иако сè уште нема објавено фотографии.
Прва која му напиша на Пери е неговата пријателка Џенифер Анистон, а веднаш по неа со „пријатели засекогаш“ се огласи и Лиса Кудро.
„Конечно!!! Јеј! Не можам да им поверувам на очиве! Добредојде на Инстаграм Метју Пери“, напиша актерката додавајќи (#friendsforlife).
„Пријатели“ ќе се соединат за „нережирана“ специјална дружба, по повод лансирањето на платформата за стриминг „ХБО Макс“. Ѕвездите од серијата „Пријатели“ постигнале договор со „Варнер Брос“ за едночасовна дружба на „ХБО“.