Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска прогласи „народна војна“ против епидемијата на Корона вирус, чии ефекти се чувствуваат не само во Кина, туку и во целиот свет.
Си во телефонско разговор со саудискиот крал Салман рече дека целата земја работи единствено во борбата против вирусот и дека ќе ја задржи транспарентноста.
– Кина има силен мобилизациски капацитет, богато искуство при реакција на инциденти во јавното здравство, и е способна да ја добие битката за превенција и контрола на епидемијата – рече Си, пренесува Синхуа.
Новиот Корона вирус уби 563 луѓе во Кина, а повеќе од 28.000 се заразени.