Шопинг лудилото Garage sale го преполни „Рамстор мол“

401

Огромен број посетители дојдоа на првиот ден од Garage sale во „Рамстор мол“. Можноста да ги искористат први огромните попусти и да ја искористат први шансата да купуваат од големата и богата понуда на разни производи, направи „Рамстор мол“ да биде вистинско место за шопинг лудило.

Следејќи ги светските трендови и реалните распродажби, „Рамстор мол“ со својот Garage sale во целост ги задоволи потребите на пазарот за купување на вистински попуст акции и направи настан кој секој од вас со нетрпение го очекува. Пораката „Правиме чистка, вадиме се надвор“ беше доволна мотивација за потрошувачите да го искористат своето време и да го поминат на шопинг во „Рамстор мол“. Речиси и да немаше посетител кој со празни раце го напушти трговскиот центар.


Она што е за почит е дека секој посетител за релативно мал буџет може да направи голем шопинг и да купи буквално сѐ што посакал.

Големите попусти продолжуваат и денес, а ќе траат сѐ до 11 февруари.

Од фотографиите во прилог погледнете како помина првиот ден од неверојатната распродажба во „Рамстор мол“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...