Со 65 гласа „за“ и еден „воздржан“ попладнево во Парламентот беше изгласан и Законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на граѓаните кон jавните претпријатија заклучно со декември 2017 година, како и Законот за субвенциониран студенски оброк.
Беше донесен Законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, по скратена постапка.
Претходно, пратениците ги усвоија и предлог-заклучоците за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Северна Македонија и го изгласаа Законот за енергетска ефикасност.